До крајот на годинава или во почетокот на идната година, се очекува да почнат градежните работи на изградбата на хидроелектричната централа „Бошков мост“, на Мала Река, во непосредна близина на Дебар. Проектот ХЕЦ „Бошков мост“ беше изработен во далечната 1983. година, и по триесет години неизвесности, конечно сите дилеми и пречки се надминати, изработена е потребната техничка документација, сите фази успешно се минати за оправданоста на инвестицијата, обезбедени се потребните финансиски средства, останува да се добијат понудите од изведувачите и да се одберат најквалитетните изведувачи и изработувачи на опремата. За четири години се планира да заврши изградбата и да се монтира опремата, а со тоа да потечат и првите киловат-часови електрична енергија од ХЕЦ „Бошков мост“. Инвеститорот АД ЕЛЕМ, како што информираше генералниот директор Дејан Бошковски, пред еден месец ги добиле финансиските понуди за набавка на главната електромашинска опрема, а наскоро треба да ги добијат и понудите за двата лоста за изведување на градежните работи.
До крајот на годинава или во почетокот на идната година, се очекува да почнат градежните работи на изградбата на хидроелектричната централа „Бошков мост“, на Мала Река, во непосредна близина на Дебар.
Проектот ХЕЦ „Бошков мост“ беше изработен во далечната 1983. година, и по триесет години неизвесности, конечно сите дилеми и пречки се надминати, изработена е потребната техничка документација, сите фази успешно се минати за оправданоста на инвестицијата, обезбедени се потребните финансиски средства, останува да се добијат понудите од изведувачите и да се одберат најквалитетните изведувачи и изработувачи на опремата.
За четири години се планира да заврши изградбата и да се монтира опремата, а со тоа да потечат и првите киловат-часови електрична енергија од ХЕЦ „Бошков мост“. Инвеститорот АД ЕЛЕМ, како што информираше генералниот директор Дејан Бошковски, пред еден месец ги добиле финансиските понуди за набавка на главната електромашинска опрема, а наскоро треба да ги добијат и понудите за двата лоста за изведување на градежните работи. Според утврдената динамика на крајот на третиот квартал од годинава ќе бидат потпишани договорите со изведувачите на градежните работи и во зависност од теренските и подготвителните активности веднаш ќе почнат со изградбата на објектите за централата.
Според проектната документација, за ХЕЦ „Бошков мост“ ќе се изгради акумулациска насипно земјена брана во височина од 33 метри, на самото устие на Јадовска Река во Тресонечка Река, под мијачкото село Тресонче. Во новата акумулација ќе се зафаќаат сите потоци на Мала Река. Изградбата на градежните објекти и монтирањето на опремата треба да завршат за четири години. Тоа значи дека во 2018 година од централата ќе потечат и првите киловат-часови електрична енергија. Годишното производство ќе изнесува 117 гигават-часови, а за реализацијата на зафатот ќе бидат вложени 107 милиони евра.